• недела, 24 ноември 2024

Зеленски в среда ќе има обраќање во американскиот Конгрес

Зеленски в среда ќе има обраќање во американскиот Конгрес
Вашингтон, 14 март 2022 (МИА) - Украинскиот претседател Володомир Зеленски ќе има обраќање во американскиот Конгрес в среда, на16 март. Според американските медиуми, обраќањето ќе биде во 1 часот по Гринич, преку видео-врска. „Конгресот останува непоколеблив во нашата посветеност да ја поддржиме Украина додека тие се соочуваат со суровата  агресија на рускиот претседател Владимир Путин и да усвојат закони за изолирање на руската економија, како и доставување хуманитарна, безбедносна и економска помош за Украина“. Тоа се наведува во објавата за говорот од спикерот Ненси Пелоси и лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер. аа/

Остани поврзан