• четврток, 26 декември 2024

Зеленска во возвратна посета на САД, откако првата американска дама во мај ја посети Украина 

Зеленска во возвратна посета на САД, откако првата американска дама во мај ја посети Украина 
Вашингтон, 18 јули 2022 (МИА) - Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, денеска во Стејт департментот треба да се сретне со украинската прва дама Олена Зеленска. Ова е возвратна посета на Зеленска, откако во мај првата дама на САД, Џил Бајден, се сретна со Зеленска во западна Украина. Патувањето на Џил Бајден тогаш не беше најавено. Таа изјави дека смета оти е важно да му се покаже на украинскиот народ дека оваа војна мора да престане, дека оваа војна е брутална и народот на САД стои со народот на Украина“. Како што јави Гласот на Америка, Зеленска тогаш  ѝ се заблагодарила на Бајден за нејзиниот „храбар потег“. Руската инвазија врз Украина наскоро влегува во својот петти месец, откако викендов имаше ескалација на воените дејствија во неколку клучни градови во областа Донбас, со, како што јави украинското Министерство за одбрана, има многу загуби за руската страна. кб/ми/      

Остани поврзан