• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Зедер против коалиција со Зелените во Германија

Зедер против коалиција со Зелените во Германија

Минхен, 25 февруари 2025 (МИА) – Лидерот на баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ), Маркус Зедер, остана цврсто против формирање национална коалиција со Зелените, истакнувајќи дека новата влада може да се формира и без нив.

ЦСУ и нејзината сестринска партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), најверојатно ќе ја формираат следната влада предводена од нивниот кандидат за канцелар, Фридрих Мерц, јави ДПА.

– Релативно е јасно дека можеме и без Зелените – рече Зедер на собир во Берлин, додавајќи дека остануваат на својата позиција дека оваа партија треба да премине во опозиција.

Во заедничко обраќање со Мерц, Зедер му порача: „ЦСУ останува на твоја страна“.

Иако патот до формирање влада нема да биде едноставен, Зедер нагласи дека ЦДУ/ЦСУ имаат „вистински компас, вистински идеи и вистински лидер со цврстина за справување со предизвиците“, кој може да ја врати Германија во силна позиција. ссм/

фото: ДПА

Остани поврзан