• среда, 18 декември 2024

Здружение „Сакам да работам“ со реакција на прес-конфренцијата на Движење Антикоцкање

Здружение „Сакам да работам“ со реакција на прес-конфренцијата на Движење Антикоцкање

Тетово, 6 февруари 2024 (МИА) - Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ преку соопштение реагира на прес-конференцијата на Движењето Антикоцкање од Тетово.

-Маските се паднати одамна! „Групата за играње на црно“ која се претставува како Движење „Антикоцкање“ од Тетово делува како огранок на една владејачка партија која јавно се критикува дека има бизнис интерес да поминат законските измени на Законот за игри на среќа во ваква форма. Лага нa деценијата е дека дистанцата од 500 метри се прави за заштита на младината! Ако целта на Јуши Емурлаи и Џемал Абдиу е навистина да се заштити младината зошто не организираа протести пред Државна Лотарија која е доминантен сопственик во четири компании кои организираат онлајн игри на среќа и преку интернетот се влезени со секој дом, достапни секаде и на секој уред кои ги користат младите секојдневно, се вели во реакцијата на „Сакам да работам“.

Здружението смета дека Движење Антикоцкање прави притисок кон пратениците по секоја цена да се изгласаат законските измени за затворање на легалните игри на среќа.

-Јавноста треба да знае:Зошто Албанија се откажа од забраната на игрите на среќа? Дали е точно дека за време на четиригодишната забрана во Албанија како печурки никнале нелегални играчници? Колку жители од Косово играат игри на среќа во Тетово? Каде припаѓа Северна Македонија, во друштво на западните цивилизации и ЕУ или во некое друго друштво?Со денешниот став претставникот на „Антикоцкање“ признава дека целта е да се затворат легалните објекти за игри на среќа и 10 илјади луѓе да останат без своите работни места и со своите семејства да си ја бараат егзистенцијата во западните земји.  Затоа, претставниците на „Антикоцкање“ и тие што се кријат зад нив, треба конечно да бидат искрени и да соопштат дали сакаат затворање на легалните објекти затоа што во секторот игри на среќа 90 проценти од вработените се Македонци, се наведува во соопштениет на „Сакам да работам“ . ас/мд/

фото: Здружение „Сакам да работам“ 

 

Остани поврзан