• сабота, 28 декември 2024

Здружение на бизнис жени: Да се подобрат можностите за економската независност на жените

Здружение на бизнис жени: Да се подобрат можностите за економската независност на жените
Скопје, 7 март 2022 (МИА) - Здружението на бизнис жени на Македонија им ги честита 8 Март, Меѓународниот ден на жената на сите негови членови и соработнички, посакувајќи што подобри можности и услови за освојување на економската независност на жената, како основа за нејзина сеопфатна независност и градење како рамноправен сегмент во општеството во целина. - Она на што најмногу се насочува во сите проекти е активната работа на трите важни сегменти а тоа се: дигитализација во сите сфери за женското претприемништво, насоки за најлесен пристап до финансии, како и пристап и освојувања на нови знаења. Здружението на бизнис жени е носител на Проектот Национална платформа за женско претприемништво, кое веќе има над 40 организации активни членови, посочуваат од Здружението на бизнис жени. Додаваат дека платформата втора година работи на централно и локално ниво за обезбедување на услови за вмрежувања на жените, поголем пристап до информации и подршка за развивање и отпочнување на сопствени бизниси. -Во исто време како член на Балканската коалиција на жени следната недела ќе биде домаќин на Балканска Конференција на сите земји членки во проектот „Социјалните претпријатија како подршка на на женското претприемништво на Балканот“, која ќе се одржи од 13 до 19 март во Скопје и на која ќе учествуваат претставници од БИХ, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Грција и Турција, посочуваат од Здружението на бизнис жени. Оттаму информираат дека постојано работат на наоѓање начини за подобрување на положбата на жените претприемачки, со што, како што велат, всушност работи на подобрување на нивната економската состојба и зајакнување како важен субјект во општеството. Како дел од активностите, потенцираат од Здружението, се и насочување за решавање на проблемите на жените во руралните средини и развивање на можности за нивно надминување, како и вклучување на тие жени во мали бизниси од областа на туризмот, занаетчиството, производството на храна, а за таа цел Здружението на бизнис жени е дел од Проектот „ЗАЖени“, чиј носител е Хрватска а учествуваат и Србија и БИХ . Во изминатиов период, потсетуваат дека Здружението како дел од Европскиот проект со Белгија, Италија, Шпанија и Ирска го започнало проектот „Жените учат заедно“ (Women learning together), каде преку разни обуки, развој на вештини, доквалификации и можности за вработување и самовработување во пост-ковид периодот ќе им се помогне на жените на возраст од 35-55 години. фф/ац/

Остани поврзан