• четврток, 26 декември 2024

Здружението „Хендикеп плус“ изготви анализа на состојбите со лицата со попреченост во Општина Крива Паланка

Здружението „Хендикеп плус“ изготви анализа на состојбите со лицата со попреченост во Општина Крива Паланка

Крва Паланка, 11 декември 2023 (МИА) - На завршната конференција од проектот „Регионални политики по прашањето на хендикеп“  што го реализираше Здружението за лица со попреченост „Хендикеп плус“ денеска беше презентирана анализа на состојбите со лицата со попречености во Општина Крива Паланка која има за цел унапредување на регионалните политики во Северна Македонија и нивно усогласување со обврските од Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп.

Проектот е поддржан од Програмата за развој на Бугарија и е насочен кон промовирање на обврските од Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп преку учеството на граѓанските организации во креирањето и донесувањето одлуки на локално ниво.

На настанот се обратија градоначалникот на Општина Крива Сашко Митовски и Амбасадорот на Бугарија во државата Ангел Ангелов.

Градоначалникот Митовски истакна дека оваа анализа ќе биде значаен ресурс за општината за имплементирање политики за подобрување на состојбите на лицата со попреченост во општината, за кои како општина преку високиот процент на реализација на програмата за социјална и детска заштита постојано се работи на нивна континуирана поддршка.

Тој ја истакна одличната соработка со амбасадорот и рече треба да се даде пример како добрата соработка се унапредува и проширува.

Амбасадорот Ангелов посочи дека оваа анализа како краен продукт треба да биде модел, пример за останатите општини.

-Овој краен продизвод, испечатена анализа, треба да се достави до ЗЕЛС и да биде пример како што Општина Крива Паланка е пример, како да се градат инклузивни општини, по пример на развиените општества, рече Ангелов.

Тој ја истакна поддршката од околуј 500.000 евра на годишно ниво во Северна Макеоднија со која се финансираат два центри за деца со аутизам, ќе се гради нов во Тетово и исто така ќе се отвори и прв за возрасни аутистични лица во Општина Ѓорче Петров.

Целта на денешната конференција е да се презентираат активностите и резултатите од спроведувањето на проектот, преземени во текот на оваа година, а денес работна група од повеќе општествени чинители, лица со попреченост, родители, образовни асистенти и останати институции преку доставување конкретни иницијативи изработија препораки што исто така ќе бидат доставени до општината.

-На оваа средба се дискутираше и подетално беа мапирани предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост во општината во областите: социјална сигурност и заштита, правото на здравје, образование, како и да предложат решенија за нивно надминување. Согледаните видувања ќе бидат предложени како иницијатива од страна на организацијата до општината со цел да бидат вклучени во локалните планови на општината за 2024 година, рече Бранкица Димиторвска, претседателка на „Хендикеп плус“.

Таа ја истакна одличната соработка со општината и информира дека веќе е во подготовка и се планира, благодарение на континуираната поддршка од Програмата за развој на Бугарија, следен проект кој ќе ја вброи повторно Општина Крива Паланка во првите во државата, да има пристапни и достапни документи за лица со попречености. ид/мд/

 

Остани поврзан