• четврток, 26 декември 2024

Здружението „СОС Вита“ подели 10 електрични колички за лица со посебни потреби

Здружението „СОС Вита“ подели 10 електрични колички за лица со посебни потреби
Скопје, 20 мај 2022 (МИА) - Здружението за лица со посебни потреби „СОС Вита“ денеска подели десет електрични колички наменети за лицата со посебни потреби. Претседателот на здружението, Ертан Шакири, во изјава за МИА, рече дека целта на оваа донација е да се олесни секојдневието на овие лица. - Целта на ова поделување денес што ги израдувавме овие лица е за да можат да излезат од своите домови комфорно, да им дадеме нозе на лицата со посебни потреби и да им го олесниме секојдневието, истакна претседателот на здружението Ертан Шакири. Тој ги повика сите луѓе, како што рече, со богато срце, да помагаат на лицата со посебни потреби затоа што тие се самите посебни и секој треба да ја разбере важноста на оваа категорија на луѓе. - Не правиме верски или етнички поделби, секој може да дојде во ситуација да се соочи со ова искушение, да не речеме несреќа, затоа што искушенијата се испратени од Господ, нагласи Шакири. Еден од добитниците на оваа анонимна донација, Рамадан Лимани, во изјава за МИА рече дека не може да се опише задоволството на добивање на вакво средство. - Бескрајно сме задоволни, сега сме слободни, не зависиме од членовите на семејството и можеме сами да излеземе и да се движиме. Толку сме задоволни што ќе се молам до крајот на животот за тие што дале придонес за нас, истакна тој.сх/цр

Остани поврзан