• среда, 18 декември 2024

Здружението на судии смета дека иницијативата на ДКСК за АСЈО е ненавремена

Здружението на судии смета дека иницијативата на ДКСК за АСЈО е ненавремена

Скопје, 11 јули 2024 (МИА) - Здружението на судии на Република Северна Македонија соопшти дека нема да  навлегува во дополнителна анализа по иницијативата за поведување постапка против претседателот и членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители по барање на Државната комисија за спречување корупција бидејќи, како што велат,  не е испочитуван законскиот рок од 15 дена, односно истата е ненавремена.   

-Иницијативата, е доставена на произнесување на ЗСРСМ на 23 мај 2024 година, па во тој правец Здружението утврди дека не е испочитуван рокот од 15 дена предвиден согласно член 33 став 7 од Законот за спречување корупција и судир на интереси, и заради тоа утврди дека истата не е навремена и нема да навлегува во нејзина дополнителна анализа, за што во законски утврдениот рок ја извести Комисијата, се наведува во соопштението од Здружението на судии на РСМ.

ДКСК на 20 април 2024 година донесе Одлука со која го усвои приговорoт на учесник на Претседателските избори 2024 (тогаш кандидатката за претседател Гордана Сиљановска Давкова) против Академијата за судии и јавни обвинители за постапка за прием на 130 слушатели на почетна обука и ја задолжи да ја стави постапката во мирување до завршување на Изборниот процес.

Против оваа одлука Академијата вложи тужба пред Управниот суд, кој на 22 април 2024 година тужбата ја одби како неоснована. По ова Академијата вложи жалба и пред Вишиот управен суд, кој на 26 април 2024 година ја одби жалбата и ја потврди пресудата на Управниот суд. дма/са/

Фото:МИА архива

 

 

Остани поврзан