• четврток, 26 декември 2024

Здружението на словенечките новинари покрена донаторска кампања за СТА

Здружението на словенечките новинари покрена донаторска кампања за СТА
Љубљана, 1 ноември 2021 (МИА) - Здружението на словенечките новинари (ДНС) почна нова донаторска кампања за помош на Словенечката новинска агенција (СТА), на која Владата веќе десет месеци не им ги префрла законски одредените средства, со што агенцијата е доведена до работ на неликвидност. Доброволните придонеси за опстанок на СТА се собираат со испраќање СМС пораки на посебна сметка на ДНС, а од слична акција до средината на годинава веќе се собрани повеќе од 274.000 евра. ДНС соопшти дека донаторите со своите прилози ќе помогнат СТА да продолжи да работи, чија законска обврска е да ја информира јавноста, за што државата како основач е должна да обезбеди половина од годишниот буџет. ДНС наведе дека Владата на Јанез Јанша со разни неосновани оправдувања „финансиски ја исцрпува“ СТА. - Без досегашната јавна поддршка СТА повеќе не би постоела. Заедно, со донирање, можеме да ја зачуваме и уште еднаш да испратиме јасна и гласна порака дека не го даваме новинарство кое е независно и професионално, се наведува во соопштението на ДНС. ми/

Остани поврзан