Здружението на просветни работници Куманово организираше семинар за наставниците од Куманово „Обединети во различности“
- Околу 80 наставници присуствуваа на денешниот настан кој има за цел да ги неформално да ги едуцира на тема „Обединети во различностите“.
Куманово, 17 декември 2024 (МИА) - Во организација на Здружението на просветни работници, денеска во Занаетчиски дом, Куманово, се одржа семинар и интерактивна работилница за споделување на добри практики и искуства, од неодамна одржаната седмата - Регионална наставничка конференција во Велика Горица, Република Хрватска.
Околу 80 наставници присуствуваа на денешниот настан кој има за цел да ги неформално да ги едуцира на тема „Обединети во различностите“.
- Со цел да се разменат добри практики и да се споделат интерактивни активности применливи во различни предмети за толеранција, разбирање, мултикултурализам и инклузија од конференцијата, Здружението на просветни работници организира бесплатен семинар и интерактивна работилница за наставници од основните и средните училишта во општина Куманово „Обединети во различностите“. Бесплатните обуки се клучни за нас како просветни работници за нашиот професионален развој и со стекнатите знаења верувам дека ќе им помогне во наставните знаења, изјави претседателката на Здружението, Анита Димовска.
На едукативниот настан во Хрватска, учествуваа седум претставнички од Здружението на просветните работници Куманово, кои денеска ги презентираа стекнатите искуства, со учество во работилницата – „Македонски мозаик“.
- Искуството е бесценето. Учествуваа наставници од просторот на поранешна Југославија, разменивме добри практики, искуства. Разлики во образовниот процес во сите овие држави, ама има и останато и од претходниот систем и убаво е да има разлики што значи дека има прогрес. Заедничко е љубовта и ентузијазмот со која ја работиме работата, изјави Милица Тимчевска, професор и потпретседател на Здружението на просветни работници.
Присутните имаа можност да ја разгледаат изложбата на фотографии по повод 505 години Куманово. ам/дма/
Фото: МИА и Општина Куманово