• среда, 19 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Здружението на новинари на Србија: Медиумите во државата да го почитуваат достоинството на жртвите во Кочани

Здружението на новинари на Србија: Медиумите во државата да го почитуваат достоинството на жртвите во Кочани

Белград, 18 март 2025 (МИА) - Здружението на новинари на Србија (УНС) денеска апелираше до медиумите во државата да престанат со сензационализирање на известувањето за трагедијата што се случи во Кочани и повика да го почитуваат законот и Кодексот на српските новинари, јави МИА од Белград.

„УНС потсетува дека Кодексот предвидува дека новинарите се обврзани да ја почитуваат приватноста, достоинството и интегритетот на луѓето за кои пишуваат и дека е спротивно на Кодексот да известуваат за несреќи и злосторства на сензационалистички начин“.

УНС оцени дека нема оправдување за објавување несоодветна содржина што не го почитува достоинството на жртвите, има вознемирувачки ефект врз семејствата и јавноста и може да има штетно влијание. зш/

Остани поврзан