• четврток, 19 декември 2024

Здружението на лекари по општа и семејна медицина: МЗ да изнајде модел за да ја забрза праксата на младите доктори

Здружението на лекари по општа и семејна медицина: МЗ да изнајде модел за да ја забрза праксата на младите доктори

Скопје, 8 март 2024 

Здружението на лекари по општа и семејна медицина (ЗЛОМ СМ ) дава апсолутна подршка на младите дипломирани доктори да се изборат за своите права. Во време во кое имаме егзодус на кадар незамисливо е докторите да чекаат три месеци одговор за платена пракса.

Министерството за здравство мора да изнајде модел како ќе ги забрза кабастите административни процедури и да се прекине со моделот на спори процедури и изготвувања на решенија со месеци.

Дипломираните доктори треба да се гледаат како кадар кој треба да работи во нашата земја и кадар кој ќе ги замени лекарите кои заминуваат во пензија а не со комплицирани административни процедури насила да ги истераме сите млади лекари надвор од земјата, во Европските земји каде добиваат платени специјализации а по завршување на истите ги чека работа.

Од еднастрана се жалиме дека немаме кадар ниту во примарно здравство ниту во секундарното и терциерното здравство, а завршени кадри три месеци чекаат одговор за платена пракса. Пракса која е влезена како задолжителна во закон за добивање на специјализации. Од тука се поставува прашањето чим е нешто облигаторно и задолжително зошто тогаш се чека за било какви одобренија и решенија со месеци.

Се надеваме дека Министерството за здравство ќе се заземе на страната на младите лекари и ќе ги решава сите прашања во разумен временски рок а не со месеци.

ЗЛОМ СМ 

_______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан