• петок, 27 декември 2024

Здружението за лица со посебни потреби „СОС Вита“ ќе подели 45 колички по повод Рамазан

Здружението за лица со посебни потреби „СОС Вита“ ќе подели 45 колички по повод Рамазан
Скопје 1 април 2022 (МИА) - Претседателот на здружението за лица со посебни потреби „СОС Вита“, Ертан Шакири, на денешната прес-конференција најави дека по повод светиот месец Рамазан, здружението ќе подели 45 колички за лица кои не можат да се движат сами. - Ги повикуваме сите луѓе со богато срце да ни дадат поддршка и да ги израдуваме луѓето со посебни потреби, за кои како што рекол Господ ги става под искушение тие што ги сака. Зошто и луѓето да не не сакаат и зошто институциите да не не разбираат. Жално е во 21-иот век да немаме елементарни услови, изјави Шакири. Тој додаде дека сепак има хумани луѓе, како што е случајот со донаторите на количките кои сакале да останат анонимни, а освен колички за движење ќе се поделат и болнички колички за овие лица, детски колички, патерици и одалки. - Броиме 180 члена во нашето здружение и без разлика на верата или нацијата на којашто припаѓаат нашите членови, сепак сите сме луѓе. Ова искушение што го имам јас или нашите членови може да му се случи секого, додаде Шакири и повика за единство во  помошта кон лицата со посебни потреби. Тој најави и прехранбени пакети што ќе се споделат во текот на месец Рамазан за лицата со посебни потреби, исто така од анонимни донатори. Сулејман Шабани, член на здружението, изјави дека е благодарен на донаторите за нивните хумани донации. На новинарско прашање дали се доволни условите што се нудат за лицата со посебни потреби, Шабани рече дека во последните години почнато е со малку поголема помош но дека потребна е уште многу работа. сх/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан