• среда, 25 декември 2024

Здружението Естима го претстави Прирачникот за спроведување големи инфраструктурни проекти

Здружението Естима го претстави Прирачникот за спроведување големи инфраструктурни проекти

Скопје, 5 април 2023 (МИА) - Здружението ЕСТИМА во соработка со Амбасадата на Франција во Скопје, одржа дијалог за јавни политики за спроведување на големи инфраструктурни проекти, при што беше претставен Прирачникот за поддршка на единиците на локалната самоуправа и граѓанските организации на нивната улога во процесот на спроведување големи инфраструктурни проекти.

Претседателката на здружението, Ана Крстиновска, која го отвори дијалогот, информираше дека настанот се организира во рамки на проектот „Градиме подобро заедно“ што се спроведува со поддршка на Амбасадата на Франција во Скопје.

Амбасадорот на Франција во Скопје, Сирил Бомгартнер, во своето обраќање истакна дека проектот има за цел да ги идентификува недостатоците во однос на владеењето во оваа област и да ги охрабри општините и граѓанските организации што повеќе да се вклучат во неа.

- За почеток, мислам дека треба да имате на ум дека овие многу големи инфраструктурни проекти се еден од видливите и конкретни белези на придонесот на Европската Унија за Северна Македонија. И, исто така, поради оваа причина нивната имплементација мора да биде примерна, истакна Бомгартнер.

Како предности, францускиот амбасадор ги наброја подобрата врска со соседството, економскиот развој, како и подобрувањето на животните услови за граѓаните.

Директорот за меѓународна соработка на Делегацијата на ЕУ, Стефен Худолин, пак, во своето обраќање рече дека големите инфраструктурни проекти претставуваат предизвик за сите земји и за сите региони.

- Што се однесува од перспектива на ЕУ, како сме ние поставени во земјата, ние имаме долга историја на тоа како ќе пристапуваме на инфраструктурните проекти и планирање, рече Худолин додавајќи дека се потребни состави на различни групи заедно со Владата, Секретаријатот за европски прашања со коишто ќе се дискутираат овие прашања.

Како што информираат од здружението, целта на дијалогот е да се претстави Прирачникот за поддршка на единиците на локалната самоуправа и граѓанските организации што ќе им овозможи на главните целни групи, единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) и граѓанските организации (ГО), да се запознаат со клучните аспекти од Прирачникот и како тие можат да го ползуваат овој ресурс во јакнење на  нивната улога во процесот на спроведување на големи инфраструктурни проекти. сх/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан