• сабота, 23 ноември 2024

Здравствениот систем во Бразил пред колапс

Здравствениот систем во Бразил пред колапс
Бразилија, 10 март 2021 (МИА) - Здравствените системи во најголемите градови во Бразил се пред колапс поради зголемувањето на случаите со коронавирус, предупредува извештајот на институтот „Фиокруз“ во земјата. Институтот со седиште во Рио де Женеиро соопшти дека повеќе од 80 проценти од креветите на интензивните одделенија се зафатени во главните градови на 25 од 27 бразилски држави. Вчера земјата регистрираше 1.772 смртни случаи - нов дневен рекорд. Од почетокот на пандемијата, Бразил регистрира повеќе од 266.000 смртни случаи и 11 милиони заразени. - Борбата против Ковид-19 беше изгубена во 2020 година и нема ниту најмала шанса да се сврти оваа трагична околност во првата половина на 2021 година, рече епидемиологот на „Фиокруз“, Џесем Орелана.

„Најдоброто што можеме да сториме е да се надеваме на чудото од масовна вакцинација или радикална промена во управувањето со пандемијата“, додаде тој. паг/

Остани поврзан