• четврток, 26 декември 2024

Здравствениот дом во Македонски Брод се претвори во регионален вакцинален пункт

Здравствениот дом во Македонски Брод се претвори во регионален вакцинален пункт
Македонски Брод, 21 август 2021 (МИА) - Поради притисокот на се поголем број невакцинирани граѓани да се вакцинираат и на тој начин да се стекнат со неопходниот сертификат, што ќе им овозможи неограничено движење, поголем број граѓани од поголемите градови во земјава се вакцинираат во Здравтсвениот дом во Македонски Брод, каде е видливо зголемен бројот на лица кои чекаат за прва или втора вакцина. - Откако стапија во сила новите мерки на Владата за задолжителен сертификат како потврда дека се вакцинирани против Ковид-19, поголем број жители од Кичево, Прилеп па дури и Тетово и Гостивар деновиве  доаѓаат во Здравствениот дом во Македонски Брод каде ја примаат првата вакцина против Ковид-19. Видливо е дека зголемен е бројот на пациенти во чекалните, од кои барем половината не се локални жители. За очекување е и наредните денови состојбите да останат исти, бидејќи притисокот на лица од страна ќе продолжи и понатаму, вели доктор Жарко Симески, директор на Здравствениот дом во Македонски Брод. Инаку, во овој момент Здравтсвениот дом во Македонски Брод располага со вакцини на „Фајзер“ и „Синовак“ и според искуствата од претходните десетина дена најпопуларна е вакцината на американскиот производител. - Од почетокот на вакцинација со прва доза „Фајзер“ се вакцинирани 1340 лица, а 140 се ревакцинирани. Со британската „ Астра Зенека“ со прва и втора вакцина се имунизирани по 300 лица, како и со кинески „Синофарм“. Најмногу се вакцинирани и ревакцинирани со кинеската вакцина на „Синовак“ вкупно 3000 лица, од кои 1500 се ревакцинирани. Покрај вакцинацијата што ја вршиме шест дена во неделата во Здравствениот дом, во исто време се одвива и теренската ревакцинација која е при самиот крај, бидејќи од 350 вакцинирани жители од руралните средини за ревакцинација ни преостануваат уште 14, додаде Симески. за/цр

Остани поврзан