• четврток, 26 декември 2024

Зградата на Советот на министри во Бугарија утре ќе биде осветлена во боите на украинското знаме

Зградата на Советот на министри во Бугарија утре ќе биде осветлена во боите на украинското знаме

Софија, 23 февруари 2024 - Боите на украинското знаме утре ќе ја осветлат зградата на Советот на министри во Бугарија по повод втората годишнина од војната на Русија против Украина и десетгодишнината од анексијата на полуостровот Крим, соопшти владината прес-служба.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Иницијативата ја презеде министерот за одбрана Тодор Тагарев, а е поддржана од премиерот Николај Денков.

Зградата на Советот и претседателството, утре од 18 до 24 часот, ќе бидат осветлени во боите на украинското знаме.

„Пораката на овој чин е Бугарија да ги охрабри Украинците да ја продолжат својата херојска битка, но и да покаже дека не се сами во неа. Ова е и сигнал до бугарските граѓани да ја поддржат слободата, независноста и територијалниот интегритет на државите и да се спротивстават на агресијата на авторитарните режими против демократските вредности“, наведува Советот на министри.

„Осветлувањето на зградите во боите на украинското знаме и поставувањето на украинските знамиња е исто така знак на единство со нашите партнери во Европската унија и со сојузниците на Бугарија во НАТО“, се додава.

Во општината ќе се вее и украинското знаме заедно со бугарското и европското, изјави денеска градоначалникот на Софија, Васил Терзиев на средбата со амбасадорката на Украина, Олесија Илашчук. 

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан