• недела, 24 ноември 2024

Зголемувањето на инфекциите во Германија ја надмина критичната точка

Зголемувањето на инфекциите во Германија ја надмина критичната точка
Берлин, 21 март 2021 (МИА) - Стапката на зараза за една недела во Германија ја надмина критичната точка, што е фактор според кој Владата утврдува дали да воведе построги мерки. Бројот на новозаразени на 100.000 жители во Германија минатата недела се искачи на 103,9, објави денеска Институтот „Роберт Кох“ (РКИ). Надминување на бројката од 100 често значи дека мерките против коронавирусот, кои се локално ублажени, повторно се засилуваат. Властите во Хамбург во петокот повторно воведоа построги мерки откако стапката на инфекција надмина 100 за една недела. Национална инциденца над 100 е првенствено од симболично значење во овој момент и не значи автоматски нови мерки за цела Германија.
Но, тоа ќе се дискутира во понеделник на состанокот меѓу канцеларката Ангела Меркел и федералните премиери, додека земјата се бори со забрзан трет бран и бавна вакцинација. Денеска се потврдени 13.733 заразени, речиси 3.000 повеќе од пред една недела.

Остани поврзан