• четврток, 26 декември 2024

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Скопје, 2 ноември 2023 (МИА) – За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

И покрај тоа, водостојот на Охридското Езеро е за три сантиметри понизок од просекот за ноември. Пониско од просечното и тоа за 1,93 метри е и нивото на Преспанското Езеро кое е на 21 сантиметар под апсолутно појавениот минимум  од 841,91 метри надморска висина. Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 1,66 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Пониски од просечните се и нивоата на повеќето реки во земјава и бележат благо зголемување или намалување на водостојот во споредба со вчера. Зголемување од по само еден сантиметар имаат реките Бабуна, Црна Река и Радика, а најголемо намалување од 18 сантиметри има реката Вардар на мерното место кај Велес по што следи Струмица кај Ново Село со намалување од седум сантиметри во однос на вчера.вј/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан