• среда, 27 ноември 2024

Зголемен водостојот на Дојранското, а намален на Охридското Езеро

Зголемен водостојот на Дојранското, а намален на Охридското Езеро
Скопје, 22 март 2022 (МИА) – За еден сантиметар е зголемен водостојот на Дојранското Езеро, а за исто толку е намален на Охридското, додека нивото на Преспанското Езеро е исто како вчера. Според резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Дојранското Езеро е за 2,84 метри повисок од просекот за март. Нивоата, пак, на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просечните и тоа за седум сантиметри кај Охридското, односно за 1,68 метри кај Преспанското Езеро. Со тоа водостојот на Преспанското Езеро е на пет сантиметри над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). Пониски од просечните се и нивоата на реките во земјава со исклучок на реката Струмица, на мерното место кај Сушево, каде водостојот е за еден сантиметар повисок од повеќегодишниот  просек за овој период од годината. вј/дма/

Остани поврзан