• вторник, 24 декември 2024

Зголемен број закани кон државни службеници во САД

Зголемен број закани кон државни службеници во САД

Вашингтон, 5 јануари 2024 (МИА)  -   Американскиот државен обвинител Мерик Гарланд го осуди зголемениот број закани кон претставници на американската влада и рече дека тоа е длабоко вознемирувачко.

„Овие закани со насилство се неприфатливи“, изјави Гарланд пред третата годишнина од нападот врз Капитол на 6 јануари 2021 година од страна на приврзаници на Доналд Трамп, фаворит за републиканската претседателска номинација во 2024 година.

„Тие ги загрозуваат темелите на нашата демократија“, нагласи Гарланд. Тој го истакна „длабоко вознемирувачкиот пораст на заканите кон луѓето на јавни функции во изминатите месеци“.

Министерството за правда истражи и обвини луѓе кои упатувале закани за насилство врз агенти на ФБИ, федерални судии, вклучително и Врховниот суд, претседателски кандидати, членови на Конгресот, воен персонал и претставници на изборите.

„Оваа недела беа упатени неколку закани за бомби против судови низ целата земја“, додаде Мерик Гарланд. зш/

Остани поврзан