• четврток, 26 декември 2024

Зголемен бројот на нови случаи на Ковид-19 и на бројот на реинфекции во Грција

Зголемен бројот на нови случаи на Ковид-19 и на бројот на реинфекции во Грција
Атина, 15 јуни 2022 (МИА) – Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани над 10.000 случаи на Ковид-19, од кои 9.288 се новозаразени, а 1.274 се веројатни реинфекции, што претставува зголемен број во последните седмици, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, во последното деноноќие починале 15 лица, а 103 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници. Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 3.517.898 случаи на Ковид-19, се проценува дека има 144.221 реинфекции што е 3.9 отсто од вкупниот број на позитивни резултати, а починаа вкупно 30.049 лица. Пракса на Националната организација за јавно здравје на Грција е во секојдневните соопштенија за ситуацијата со Ковид-19, посебно да ги објавува бројките поврзани со нови случаи и посебно бројките со повторни заразувања. ср/сд/

Остани поврзан