Зголемен бројот на антисемитски напади во Австрија
- Бројот на антисемитски напади во Австрија се зголеми за 9,5 проценти во последните две години и достигна рекордно ниво.
Виена, 27 мај 2020 (МИА) - Бројот на антисемитски напади во Австрија се зголеми за 9,5 проценти во последните две години и достигна рекордно ниво.
Според Еврејската заедница во Виена и Антисемитистичкиот форум, минатата година бројот на пријавени антисемитски напади изнесува вкупно 550.
Тоа е двојно зголемување во последните пет години, а околу половина, како што наведуваат, се однесува на десничарско-екстремистичката политичка средина.
Во 2018 година се регистрирани 46 антисемитски инциденти, додека тој број веќе беше над 500 во 2017 година.
Ова, како што посочуваат Еврејската заедница во Виена и Антисемитистичкиот форум, може да се објасни со фактичкиот раст на постапките на омраза против Евреите, но и со зголемената свесност да се пријавуваат антисемитски напади. паг/