• четврток, 26 декември 2024

Зголемено присуство на диви свињи во повеќе села во Кичевско

Зголемено присуство на диви свињи во повеќе села во Кичевско
Кичево, 18 мај 2021 (МИА) - Последните триесетина дена во повеќе села од јужната регија во Кичевско, зголемен е бројот на диви свињи. Дивите свињи претежно во чопор, во повеќе наврати се видени и близу домовите на селаните. Според Даме Петрески, ловџија од Кичевско, дивите свињи бидејќи во овој период од годината нема созреани земјоделски култури од кои можат да се хранат како што се пченка, пченица и градинарски култури, тие сега ги собираат желадите од есенеска, а истовремено и копаат во земјата и бараат подземни плодови од типот репајки. - Иако имавме богата ловна сезона со голем број отстрелани диви свињи, сепак повеќе од очигледно е дека во природата нивниот број е драстично зголемен, вели Петрески. Како резултат на нивната бројност и потребата од зголемено количество храна, поради нивната бројност можат да се забележат до и во самите села, иако во овој период од годината земјоделските култури се уште не се созреани и пораснати, за да имаат сопствени плодови,а со кои ќе  можат да се хранат дивите свињи. - Тие во овој дел од годината претежно се ориентирани во собирање желади од минатата есен и копање на одредени површини, каде бараат корени и подземни плодови, посочува Петрески. Потенцира дека дивите свињи вистинските штети ги прават во периодот откако ќе почне созревањето на житните култури, пченица, рж и пченка и градинарските култури или од втората половина на јули се до собирањето на летината во септември и октомври. Како ќе созреваат овие култури, подвлекува, така дивите свињи ќе бидат се поприсутни на овие парцели и ќе предизвикаат поголеми материјални штети на земјоделците. за/цр

Остани поврзан