• среда, 13 ноември 2024

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Скопје, 5 јуни 2023 (МИА) - Зголемено ниво на реките во однос на просекот за јуни се бележи денеска на реката Вардар кај Велес и кај Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска Бања, на Струмица кај Сушево, на Црна Река кај Новаци, како и на Сатеска кај Ботун.

Податоците на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека единствено минимално намалување на водостојот има на реката Лепенец.

Водостоите на Охридското, Препанското и на Дојранското Езеро според денешните мерења, се во рамки на просекот. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан