• сабота, 21 декември 2024

Зголемени цените на угостителските услуги

Зголемени цените на угостителските услуги

Скопје, 7 октомври 2024 (МИА) - Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари - септември 2024 година во однос на истиот период лани е зголемен за 5,5 отсто, додека во однос на декември 2023 година, е зголемен за 2,8 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година во споредба со август 2024 година е зголемен за 0,2 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,3 проценти, Алкохолни пијалаци зa 0,3 и Безалкохолни пијалаци за 0,1 отсто. 

Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година е зголемен за 5,2 отсто. мч/са/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан