• среда, 18 декември 2024

Зголемени трошоците на живот

Зголемени трошоците на живот
Скопје, 7 јули 2022 (МИА) - Трошоците на животот во јуни годинава се повисоки за 2,8 отсто во споредба со претходниот месец, а цените на мало пораснале за 2,4 проценти. На годишно ниво, пак, трошоците се зголемени за 14,5 отсто, а цените на мало за 13,7 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на трошоците на животот во споредба со претходниот месец, е забележан кај маслото и маснотиите за 10,4 отсто, лебот и житата за 7,8, млекото за 6,7, месото за 5,2, свежото и разладеното овошје за 2,9, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 2,7, виното за 2,1, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1,0, рибата и морските плодови за 0,8, кафето, чајот, какаото за 0,5 и прехранбените производи неспоменати на друго место за 0,4  отсто. Во јуни, исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 17,2 отсто, течните горива за домаќинствата за 16,3, туристичките аранжмани за 6,4, цврстите горива за домаќинствата за 6,2, воздухопловниот патнички транспорт за 6,1, гасот за домаќинствата за 4,4, патниот патнички транспорт за 4, услугите за сместување за 3,7, градините, растенијата и цвеќињата за 2,9, фризерските салони и центрите за разубавување за 2,7, рестораните, кафулињата и слично за 2,5, другите апарати и производи за лична хигиена за 2,1, големите електрични апарати за домаќинствата за 1,8, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето, парамедицинските услуги за 1,7 отѕсто. Зглемување на трошоците има и кај домашните услуги и услугите за домаќинствата за 1,6 отсто, одржувањето и поправките на сопствените превозни средства, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема, домашните миленици и сродните производи за 1,5, ткаенините за изработка на облека за 1,4, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, услугите за рекреација и спорт за 1,2, производите за домаќинствата - нетрајни за 1,1, малите електрични апарати за домаќинствата за 1 отсто. Трошоците се зголемени и кај големите алатки и опремата, моторните возила, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, електричните апарати за лична хигиена за 0,9 отсто, поправките и изнајмувањето на обувките, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот за 0,8, поправките на апаратите за домаќинствата, медиумите за снимање за 0,7, ветеринарните и другите услуги за домашните миленици за 0,6, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 0,5, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, фармацевтските производи, информатичката опрема за обработка на податоците за 0,4, мебелот и покуќнината, малите алатки и останатите додатоци, стоматолошките услуги, мотоциклите, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0,3 отсто. Намалување на трошоците на животот е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 3,3  отсто и кај опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 1,2  отсто. вј/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан