• среда, 27 ноември 2024

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари

Скопје, 9 август 2024 (МИА) - Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки на месечно ниво за 0,6 отсто, а на годишно ниво за 0,4 проценти.

Според Државниот завод за статистика, во јуни 2024 година во споредба со мај 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на
странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0,6 отсто, додека во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0,7 проценти.

Во јуни 2024, во споредба со јуни 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 16,3, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0,3 отсто. мч/са/

фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан