• среда, 27 ноември 2024

Зголемени водостоите на Дојранското и Преспанското Езеро

Зголемени водостоите на Дојранското и Преспанското Езеро
Скопје, 7 март 2022 (МИА) – За два сантиметра е зголемен водостојот на Дојранското Езеро, а за еден на Преспанското, додека нивото на Охридското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, водостојот на Преспанското Езеро е за 1,7 метри понизок од просекот за март и е на три сантиметри над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). Пониско од просечното е и нивото на Охридското Езеро и тоа за седум сантиметри, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,79 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината. Пониски од просечните се и нивоата на речиси сите реки во земјава. Исклучок се реките Струмица на мерното место кај Сушево и Црна Река кај Р.Б. Мост каде водостојот е малку повисок од просечниот. вј/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан