• петок, 27 декември 2024

Зголемени водостоите на Дојранското и на Охридското Езеро

Зголемени водостоите на Дојранското и на Охридското Езеро

Скопје, 26 јуни 2023 (МИА) – За по еден сантиметар се зголемени водостоите на Дојранското и на Охридското Езеро во споредба со вчера, додека нивото на Преспанското Езеро е исто со вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, и покрај тоа водостоите на трите природни езера во земјава се пониски од просечните за јуни и тоа за пет сантиметри кај Охридското, за 74 сантиметри кај Дојранското и за 1,89 метри кај Преспанското Езеро.

За разлика од езерата, нивоата на речиси сите реки во земјава се повисоки од повеќегодишниот просек за овој период од годината. Исклучок се реките Крива Река на мерното место кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово, Струмица кај Ново Село и Црн Дрим кај Ложани каде има понизок водостој од просечниот.вј/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан