• недела, 24 ноември 2024

Зголемени цените на угостителските услуги

Зголемени цените на угостителските услуги
Скопје, 5 август 2022 (МИА) - Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари - јули 2022 година е зголемен за 8,9 отсто во однос на истиот период лани, додека во однос на декември 2021-ва бележи раст од 7,2 процента. Според Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јули 2022 година е зголемен за 4,2 отсто во однос на претходниот месец. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 6,4 проценти и Ноќевања за 0,2 отсто. Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2022 година во однос на истиот месец лани е зголемен за 15,9 отсто. мч/сп/

Остани поврзан