• четврток, 26 декември 2024

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро
Скопје, 3 март 2022 (МИА) – За еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа Преспанското Езеро го достигна апслолутниот минимум од 842,25 (мнм) и има за 1,73 метри понизок водостој од просечниот за март. Пониско од просечното и тоа за осум сантиметри е и нивото на Охридското Езеро, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,75 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината. Понизок од просечниот е и водостојот на речиси сите реки во земјава. Исклучок е реката Струмица на мерното место кај Сушево каде нивото е за еден сантиметар повисоко од просечното.вј/лв/

Остани поврзан