• среда, 27 ноември 2024

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Зголемен водостојот на Охридското Езеро
Скопје, 8 февруари 2022 (МИА) – За два сантиметра е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, водостојот на Охридското Езеро е за 14 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за февруари исто како и кај Преспанското Езеро каде е за 1,63 метри понизок од просечниот и е три сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм). Нивото, пак, на Дојранското Езеро е за 2,87 метри повисоко од просечното. Водостоите кај најголем дел од реките се пониски од просечните и бележат благо зголемување или намалување во споредба со вчера. Единствено нивото на реката Сатеска, на мерното место кај Ботун, е речиси три пати повисоко од вчера, но сепак е скоро двојно пониско од повеќегодишниот просек за овој период од годината.вј/дма/

Остани поврзан