• четврток, 26 декември 2024

Зголемена цената за престој во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ Куманово

Зголемена цената за престој во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ Куманово
Куманово, 13 септември 2022 (МИА) - Јавната општинска установа, Дом за стари лица „Зафир Сајто“ Куманово ја зголеми цената за месечен престој на старите лица од 11.800 на 16.000 денари, поради зголемените цени за енергенси, сметки, храна и други потреби, информираа денеска надлежните.
Одлуката за зголемување на цените на услугите за 4.200 денари беше изгласана на последната седница на Советот на општината. Директорот Дејан Стојановски вели дека се принудени да ја применат непопуларната мерка за да се спречат загубите во работењето.
- Услугите кои што ги дава установата доминантно сè од самофинансирачкиот дел, средства што ги прибираме за пружање на услуги, така што, доколку останевме со истата цена, сериозно и свесно ќе поминавме во загуба. Цената на гасот е неколкукратно зголемена, цената на електричната енергија. Лани за гас за месечна сметка, цената беше 400.000 денари, сега ќе биде милион и двесте до милион до петстотини илјади денари. Затоа беше нужно цената да биде зголемена за да имаме стабилна состојба, изјави Стојановски. Тој се надева дека овој потег ќе обезбеди стабилност во функционирањето на домот, а очекува и помош од државата и општината. Претходно, појасни направена е дентална финансиска анализа за да се премине на овој чекор. - Се надевам дека министерството ќе најде начин како да им помогне на домовите за стари лица доколку има потреба затоа што ние веќе повлековме потег, покачивме цена, иако тоа е многу неблагодарно во оваа состојба, но, сепак, мора да мислиме на нашата ликвидност и старите лица кои ќе останат да презимат во овој дом, вели Стојановски. Додава дека во моментов трошоците се сведени на минимум, а установата подготвила и два проекти за реконструкција, но, нивната реализација ќе почека подобри времиња. - Претходните години вложивме исклучително многу во реконструкција во различни блокови. Оваа година немаме предвидено зголемување на капацитетите, од причина што состојбата е многу сериозна. Во 2023 година имаме подготвено проекти за реконструкција, во висина од 13 милиони денари, доколку најдеме партнер во општината, државата, преку проекти, преку амбасада, можеме да ги реализираме за понатамошен напредок, изјави директорот на установата. Во „Зафир Сајто“ можат да се сместат 170 корисници од Куманово и од другите градови од државата. ам/ар/

Остани поврзан