• четврток, 26 декември 2024

Зголемена фреквенција на премините „Блато“ и „Џепиште-Требиште“ кај Дебар

Зголемена фреквенција на премините „Блато“ и „Џепиште-Требиште“ кај Дебар
Дебар, 22 јуни 2021 (МИА) – На граничните премини „Блато“ и „Џепиште-Требиште“ на македонско-албанската граница кај Дебар, во изминатиот период од годинава забележана е за неколкупати поголема фреквенција, споредено со истиот период минатата година. Намалената фреквенција лани беше поради пандемијата со Ковид-19 кога и двата премина по тримесечниот привремен прекин повторно беа отворени на 30 јуни. - Во периодот од 1 јануари до вчера, на граничниот премин „Блато“ за влез евидентирани се 21 911 македонски државјани, додека, за излез 25 472. Речиси четирипати поголем е бројот на странските државјани за влез во нашата земја или 100 342 додека за излез 85 929 лица, изјави за МИА, Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи Охрид. Зголемена фреквенција е забележана и на вториот граничен премин, „Џепиште-Требиште“, кој е од локален карактер. Во летниот период работи од 8 до 20 часот, додека, во зима од 8 до 18 часот и е дозволен премин само на локалното население од Дебар и областа Голо Брдо. - Во споменатиот извештаен период на овој граничен премин регистрирани се за влез 557 додека за излез 613 македонски државјани. Бројот пак на патници за влез и излез во и од нашата земја е многу поголем. Имено, за влез се евидентирани 7 839 додека за излез 7 779 странски државјани, додава Димоски. Поради фактот дека голем број македонски државјани летниот одмор го минуваат во познатото летувалиште Шенѓин, каде климатските услови се идентични со оние во Улциљ, за каде многу публиску е да се патува преку „Блато“, фреквенцијата на патници и возила ќе биде многу поголема. Просечната фреквенција на годишно ниво на овој премин е околу 350 000 патници и повеќе од илјада товарни возила. вт/ар/

Остани поврзан