• среда, 27 ноември 2024

Зголемена предноста на Бајден во Џорџија

Зголемена предноста на Бајден во Џорџија
Вашингтон, 6 ноември 2020 (МИА) - Предноста на демократскиот кандидат на претседателските избори во САД, Џо Бајден, во Џорџија продолжува да расте кон крајот на пребројувањето на гласовите во однос на актуелниот претседател Доналд Трамп. Според „Индипендент“, Бајден сега е во предност во однос на Трамп со 4.240 гласа, кој водеше пред да стигнат гласовите испратени по пошта. Досега се преброени повеќе од 99 проценти од гласовите. Останува малку време за да пристигнат гласовите од армијата. паг/

Остани поврзан