• сабота, 21 декември 2024

Зголемена побарувачка на собраќајни налепници со новиот код НМК во Делчево

Зголемена побарувачка на собраќајни налепници со новиот код НМК во Делчево

Делчево, 12 февруари 2024 (МИА) - Во Делчево утрово зголемена е фреквенцијата на возила во станиците за технички преглед. Ставањето налепници на возилата кои се уште се со кодот МК во Делчево тече без проблеми, иако на шалтерите забележиви се поголем број граѓани кои чекаат да ги подигнат бесплатните лепенки со новиот код НМК.

- Важно е да се знае за коминтентите дека треба да дојдат со возило за да пополнат лично барање, да се стави налепница за возилото. Истата е бесплатна, контролорите се задолжени да ја залепат таа налепница, вели Елизабета Таковска, вработена во приватна станица за технички преглед во Делчево.

Од анкетата направена со делчевци на тема промена на лични документи, дознаваме дека дел од нив веќе ја завршиле процедурата, додека имаше и граѓани кои изјавија дека нивните деца ги немаат променето пасошоте поради што се соочуваат со проблеми во патувањето од една во друга држава. Велат дека за очекување е да ја тужат државата во Стразбур поради загрозување на граѓанското право за слободно движење.

- Кој и да е на власт не може да го смени законот. Не бранам никој туку се нервирам бидејки моите деца не можат да патуваат конкретно ќерката од Португалија во Чиле. Но, ќе добие тужба државата во Стразбур, бидејки се загрозува граѓанското право на движење, вели граѓанин на Делчево.

- Ќе менувам сообраќајна дозвола другото, се ми е сменето, вели друг повозрасен граѓанин на Делчево.

Според дел од анкетираните граѓани требало подобро да бидат информирани за да не дојде до оваа ситуација.

- Мојата ќерка сега треба да дојде само да го извади пасош повторно и да го фрли после. Решението е  политичарите да почнат да мислат за овој народ да оди напред, а не да тапкаме во место, додава друг граѓанин од Делчево.

Во просториите на Одделението за внатрешни работи во Делчево каде се изготвуваат новите лични и патни исправи чекаа околу 50-тина граѓани, најголем дел од нив за издавање возачки дозволи со новото име на државата Република Северна Македонија. вс/цр


Фото: МИА

Остани поврзан