• сабота, 23 ноември 2024

Зверев ја извојува 50. победа во кариерата над противник од топ 10

Зверев ја извојува 50. победа во кариерата над противник од топ 10

Торино, 12 ноември 2024 (МИА) - Германскиот тенисер Александар Зверев синоќа го победи Русинот Андреј Рубљев со 6:4 и 6:4 во меч од групната фаза на завршниот АТП турнир во Торино.

Оваа победа беше 50-та за 27-годишниот Германец остварена над противник од топ-10. Тој стана првиот играч роден по 1990 година со вакво достигнување.

Во Б-групата покрај Рубљов и Зверев, се и Шпанецот Карлос Алкараз и Норвежанецот Каспер Руд.

А-групата ја сочинуваат Јаник Синер (Италија), Тејлор Фриц (САД), Данил Медведев (Русија) и Алекс Де Минаур (Австралија). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан