• среда, 25 декември 2024

Зверев трет тенисер во 21. век со повеќе од еден трофеј на Мастерсот во Рим

Зверев трет тенисер во 21. век со повеќе од еден трофеј на Мастерсот во Рим

Рим, 20 мај 2024 (МИА) - Германскиот тенисер Александар Зверев стана третиот играч од 2000 година што ја освоил титулата на овој турнир повеќе од еднаш.

Зверев вчера го победи Николас јари од Чиле и дојде до престижниот трофеј. Тој и пред седум години (2017) беше победник во италијанската престолнина.

Освен Зверев, само Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ имаат повеќе од еден трофеј во Рим.

Надал има 10 титули (2005, 2006, 2007, 2009, 2010, 2012, 2013, 2018, 2019, 2021).

Ѓоковиќ титулите ги освојуваше шест пати (2008, 2011, 2014, 2015, 2020, 2022).

Воедно, Зверев го надмина и Борис Бекер по бројот на титули на Мастерс турнирите (6). Ова е рекорд меѓу сите германски тенисери. зс/ 

Фото: ЕПА

Остани поврзан