• среда, 18 декември 2024

Зверев: Третманот на повредената нога започна

Зверев: Третманот на повредената нога започна
Берлин, 6 јуни 2022 (МИА) - Германскиот тенисер Александар Зверев преку социјалните мрежи проговори за неговата состојба по повредата добиена во полуфиналето на Ролан Гарос против Рафаел Надал. - Третманот започна, напиша Германецот под сликата, на која се гледа неговата нога фиксирана во протеза. Да потсетиме дека во вториот сет од средбата со Надал при резултат 6:5 во негова корист, Зверев доби тешка повреда на скочниот зглоб, поради која не можеше да го продолжи мечот. Тој прво го напушти теренот во инвалидска количка, а потоа се врати со патерици за да му каже на судијата дека предвреме го завршува мечот. Зверев има оштетени лигаменти на скочниот зглоб на десната нога. зс/

Остани поврзан