• недела, 24 ноември 2024

Зверев суспендиран од турнирот во Акапулко

Зверев суспендиран од турнирот во Акапулко
Акапулко, 23 февруари 2022 (МИА) - Третиот светски рекет Александар Зверев е дисквалификуван од АТП 500 турнирот во Акапулко, Мексико. Организаторите го суспендираа тенисерот од турнирот во сингл поради неспортско однесување на денешниот меч во двојки. Германецот му се развика на судијата и со рекетот неколку пати удри во судиската столица по поразот. За малку ќе го удреше судијата во ногата. Александар Зверев беше бесен на судијата откако во игра на двојки со Марсело Мело загубија од Лојд Гласпул и Хари Хелиевааре во првото коло 2:6, 6:4, 6-10.  Во решавачкиот тај-брејк, при резултат 8:6 за ривалите, Зверев се обиде да го убеди судијата да ја промени одлуката: „Топката е во аут, ова е пред твојата линија. Ти си идиот, му викаше тенисерот на судијата. Во сингл, Зверев утре требаше да игра против Питер Гоџовчик. зс/

Остани поврзан