• недела, 24 ноември 2024

Зверев го победи Циципас во финалето на турнирот во Акапулко

Зверев го победи Циципас во финалето на турнирот во Акапулко
Акапулко, 21 март 2021 (МИА) - Германскиот тенисер Александар Зверев рано утрово го победи Гркот Стефанос Циципас со 2-0, по сетови 6:4 и 7:6 (7: 3) во финалето на турнирот во Акапулко, Мексико. Мечот траеше 2 часа и 19 минути. Германецот направи четири аса, осум двојни грешки и претвори три брејк поени од 12. Гркот сервираше ас три пати, направи четири грешки на вториот сервис и освои два брејка. За Зверев ова е прва титула во 2021 година. АТП турнирот во Акапулко се играше за награден фонд од еден милион американски долари. зс/

Остани поврзан