• среда, 25 декември 2024

„Зборообразување“ - настан на здружението „Зборци“

„Зборообразување“  - настан на здружението „Зборци“

Скопје, 30 мај 2024 (МИА) - Неформалното здружение Зборци вечер од 20 часот во Паркот на франкофонијата организира настан „Зборообразување“ во соработка со Универзитетско студентстко собрание на УКИМ.

Настанот предвидува разговор со Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески" при УКИМ, Весна Мојсова-Чепишевска, професорка на факултетот, и професорката Татјана Б. Ефтимовска која е една од иницијаторите за формирање на „Зборци“.

-На овој настан ќе се обидеме да откриеме што всушност е возможно со зборовите. Ќе зборуваме за еволуцијата на јазикот и дали таа е привилегија на одредена група или е процес во кој сите ние можеме да учествуваме. Дали нашите најмлади ќе зборуваат македонски каков што ние го познаваме, или ние треба да го прилагодиме нашиот јазик на новите генерации? Како да го задржиме автентичниот дух на јазикот, додека истовремено го отвориме за нови идеи и влијанија?, соопшти здружението „Зборци“. хс/вг/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан