• среда, 25 декември 2024

Збирката на Уметничката колонија „Дебрца“ збогатена со треисеттина нови дела

Збирката на Уметничката колонија „Дебрца“ збогатена со треисеттина нови дела

Охрид, 1 јули 2024 (МИА) – Меѓународната уметничка колонија „Дебрца“ ја надополна својата богата збирка, со триесетина нови уметники дела создадени во рамки на годинешното 39-то издание.

Оваа година на Колонијата учествуваа  11 ликовни уметници од земјава, како и претставници на уметничките школи на Монголија, Србија и Црна Гора.

„Интернационалната уметничка колонија ‘Дебрца’ располага со најбогат фонд уметнички дела во земјава, над 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија и светот што претставува, непроценлив македонски придонес кон  светското културно наследство. Кон нив, во пресрет на четиридеценискиот јубилеј – догодина,  придодадени се уште триесетина, изработени оваа година“, вели Мартина целеска, претседателката на Здружението „Ликовна колонија – Дебрца”. аб/дма/

фото/Ликовна колонија „Дебрца“

 

Остани поврзан