• среда, 25 декември 2024

За 60 насто зголемени интервенциите на Итната медицинска помош од Прилеп, има каснувања од змии

За 60 насто зголемени интервенциите на Итната медицинска помош од Прилеп, има каснувања од змии

Прилеп, 22 јули 2023 (МИА) - За 60-тина насто се зголемени интервенциите на службата за итна медицинска помош во Прилеп и за 20 до 30 повеќе амбулантски прегледи на пациенти од вообичаеното. Во викендот интервенциите и повиците се уште поголеми. Прилепската служба на Итната помош со полни раце работа, а екипите се снаоѓаат како знаат и умеат за да им пружат медицинска помош на жителите во Прилепскиот регион. Најчести пациенти се оние со хроничните заболувања.

-Имаме премногу работа и една екипа од тројца- четворица лекари, четири медицински сестри и тројца шофери се снаоѓа како што може. Доволно сме екипирани, но мора да се каже дека е и време на годишни одмори, па и за персоналот. Се обидуваме да комбинираме од смена во смена и да ги опслужуваме сите пациенти. На терен се интервенира секаде. Има многу вртоглавици, најчести интервенции се кај повозрасната група граѓани кои имаат хронични кардиоваскуларни, респираторни хронични болести. Зголемен крвен притисок, астма, хронична белодробна болест, омалаксаност вртоглавици, вели доктор Даниел Аврамовски, началник на службата за Итна помош од Прилеп.

Зголемени се каснувањата од инсекти, крлежи, а последниве две недели имале пет интервенции на граѓани каснати од змии. За среќа, не завршиле фатално, а три случаи се префрлени на клиниките во Скопје.

Во овие две -три недели имавме пет каснувања од змии, на полињата каде работат полски работи. Пациентите се жалаат на каснувања од инсекти. Паниката е многу поголема од здравствениот проблем. Битно е првилен одговор на лекарот. Кај пациентите каснати од змии, за среќа немаа фатални компликации. Се препраќаат на инфективното одделение, три случаи пративме на клиниките во Скопје. Беа во добра здравствена состојба, се дава серум, се снаоѓаме. Во прилепско најмногу ја има отровната змија поскок, но битно е пациентот да не паничи и да даде вистински одговори за да реагираме. Има и каснувања од крлежи, објаснува д-р Аврамовски.

Остануваат препораките да се внимава, да не се излегува на жештините, да се конзумираат течности и при секоја промена да се консултираат со лекар. Прилепската Служба за итна медицинска помош дава здравствени услуги на околу 100 000 жители од Прилепскиот регион.ем/лв/

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан