• петок, 03 јануари 2025

Правосудството во 2024 година го одбележаа главно најавите за реформи

Правосудството во 2024 година го одбележаа главно најавите за реформи

Скопје, 2 јануари 2025 (МИА) - Ако за правосудството во 2023 година се зборуваше низ призма на одложена и застарена правда, во 2024 главниот збор беше – реформа. Единствениот орган за избор, оценка и контрола на работата на судиите и чуварот на довербата на граѓаните кон судството – Судскиот совет,  годината ја почна со претседателски „рокади“, а ја заврши со празно столче на функцијата претседател на Советот и закажана седница за избор на нов претседател на 3 јануари оваа година. Судскиот совет, повторно се најде во фокусот на јавноста, но не само по контроверзно разрешување, па враќање, и на крајот оставка од функција на претседателката Весна Дамева, туку и по обидите за примена на дел од препораките на Оценската мисија во своето работење, како и отворените повици од власта за нивно распуштање и реформа на Законот за судски совет.

Во декември изминатата година, Весна Дамева поднесе неотповиклива оставка поради како што посочи „немањето слух кај извршната и законодавната власт да се обезбеди брза и ефикасна правда, како и обидите за нарушување на нејзиниот интегритет од страна на високи функционери од власта“. Судскиот совет тогаш остана да функционира без претседател. Подоцна, Обвинителството и полицијата влегоа во Советот да проверат евентуално сторено кривично дело со мандатот на Дамева, како и во врска со постапките за утврдување одговорност на судии кои постапувале во предметот „Таргет-Тврдина“.

Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева очекува на седницата в среда, на која треба да се расправа по извештајот од Комисијата на известители во врска со иницијативата за утврдување од

Премиерот Христијан Мицкоски уште на почетокот од мандатот започна со реализирање на тоа што го најавуваше во предизборната кампања – распуштање на Судскиот совет. Во летото минатата година повика на разговори и предлог решенија за Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, отворено кажувајќи дека нешто мора да се менува бидејќи довербата на граѓаните во судството е два проценти.

На ваквите најави, од Судскиот совет во мај преку соопштение порачаа дека судската власт е самостојна и независна и дека секое мешање во судството и во судската власт носи со себе сериозна опасност по демократијата, правната сигурност и владеењето на правото.

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, во однос на најавените реформи на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, рече дека Владата и Собранието имаат легитимно право и уставно овластување ако увидат слабости да пристапат кон измени и дополнување на одредени законски решенија, но, оти „од исклучителна важност за правната држава е какво било законско решение да биде во согласност со Уставот“.

Академик Владо Камбовски, од друга страна, порача дека прашањето за разрешување во целина на Судскиот совет е доста комплексно и не е едноставно, бидејќи ако го разрешите Судскиот совет со закон, тоа е големо прашање дали може така уставни тела да бидат разрешувани со обични закони во целина, како и тоа дека ќе значи мешање во судската власт т.е. во автономното право на судиите да ги избираат своите членови во Судскиот совет.

Од обвинителската фела, единствено претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриевска, упати отворена порака по најавите на власта за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, оценувајќи дека треба да има индивидуална, а не колективна одговорност. Како коментар за најавите од страна на премиерот Мицкоски за спроведување „робусна акција“ во судството и обвинителството, Димитриеска во декември порача дека не размислува за оставка и дека Советот на јавни обвинители е на иста линија со сите други институции кои што се залагаат за борба против корупцијата и оти во ниту еден момент не дозволил да биде посочен во негативен контекст, во ниту еден од извештаите, како од домашните, така и од меѓународните експерти.

Откако не пристигна ниту еден предлог, премиерот Мицкоски во август заедно со министерот за правда, Игор Филков, оствари средба со претседателката на Судскиот совет Весна Дамева по која Владата остана на ставот за потребата од коренити реформи во правосудството и за распуштање на Судскиот совет и Советот за јавни обвинители.

Изјава за медиуми на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева.

Најавите на новата влада за „распуштање“ на Судскиот и Обвинителскиот совет, Европската Комисија во Извештајот за 2024 година ги оцени со сериозна загриженост, бидејќи би ја поткопале независноста на судството. Оттаму прпеорачаа зајакнување на Судскиот совет преку ревидирање на законодавната рамка и нејзината севкупна функционалност во согласност со препораките на Оценската мисија.

Серијата стручни дебати што Министерството за правда ги организира во соработка и со поддршка на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, како појдовен работен документ ги имаа Предлог измените и дополнувањата на Законот за Судски совет, од работната група за адресирање на препораките од Оценската мисија.

Министерот за правда Игор Филков на последната петта тркалезна маса за консултации со стручната јавност за измените на Законот за Судски совет, порача дека согласно Реформската агенда која официјално беше одобрена од Европската комисија, земјава до јуни 2025 година треба да има нов закон за Судски совет.

Филков, исто така, изрази увереност дека ќе добиеме соодветно законско решение кое што ќе ја постави основата за ефикасно функционирање на Судскиот совет, но нагласи дека Совет како тело е потребно да го врати легитимитетот, професионалноста и интегритетот со правилна примена за законските норми.

Ефикасниот правосуден систем има клучна улога во владеењето на правото, заедно со квалитетот и независноста на судството, изјави министерот за правда, Игор Филков, на отворањето на 15-тата се

Судскиот совет, според проценките, има спроведено повеќе од две третини од 17-те препораки од Оценската мисија кои беа упатени на негова адреса, а за кои не беа потребни законски измени. Во мај беше изменет Правилникот за рангирање на кандидатите за избор на судија во повисок суд, со што почна да се бодува дополнителна работа, менторство и делегирање. Согласно препораките од Оценската мисија, одлуките на Судскиот совет задолжително ќе се образложуваат, а ќе има рокови за сите фази на постапката. Во јуни Судскиот совет усвои нова комуникациска стратегија, согласно препораките на Оценската мисија на ЕУ, а судиите избираа и двајца нови членови на Советот.

Во декември судиите Аритон Ала од Апелацискиот суд Скопје и Данка Ристова од Апелацискиот суд Штип беа избрани за член на Судскиот совет. Мицкоски, по обвинувањата за партизација во врска со Ристова рече „таков член со тоа име и презиме во базата на ВМРО-ДПМНЕ не постои“.

Изборот на нов претседател на Судскиот совет, на крајот од изминатата година беше закажан за в петок.

Критиките го раздвижија обвинителството во декември

Кон крајот на 2024 година, Јавното обвинителство отвори неколку поголеми случаи, фокусирајќи се на борбата против корупцијата и организираниот криминал. По одлука на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, беше извршен надзор во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, како и во сите виши јавни обвинителства во државата.

Врз основа на наодите за констатираните состојби од извршениот надзор во Вишото јавно обвинителство Скопје во декември беше доставен предлог за поведување дисциплинска постапка против шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи и еден јавен обвинител заради нестручно и несовесно работење во четири предмети во кои се откажал од жалба или обвинение. 

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје предложи притвор и нареди истражна постапка против 27-годишник осомничен за убиство што го извршил вчера во раните утрински часови во к

Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи, на прес-конференција пред Обвинителството, по одлуката за негова суспензија од функцијата обвини дека кривичната пријава против него поднесена од страна на Републичкиот јавен обвинител има тенденцијата да го отстрани и замолчи, како и да ги заплаши и другите колеги кои што постапуваат согласно законот, а се со цел, како што рече, да се донесат нарачани одлуки. 

Според Хајрулахи, надзорот над работата на Вишото јавно обвинителство, се случил откако тој на 19 септември бил повикан од Републичкиот јавен обвинител, кај него во канцеларија и му било кажано дека по однос на предметот со бонусите на СЈО треба да донесе одлука со која што ќе се потврди првостепеното решение од ОЈО ГОКК. 

Основното јавно обвинителство Штип на 11 ноември донесе наредба за спроведување истражна постапка против јавен обвинител за кого постои основано сомнение за сторено продолжено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ од член 143, како и за продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик.

-Кривичната пријава против јавниот обвинител за малтретирање во вршење на службата беше поднесена до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија од страна на група вработени во Вишото јавно обвинителство Скопје, по што таа беше проследена на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Штип. Во текот на истражните дејствија преземени од штипското обвинителство се добиени податоци и сознанија кои упатуваат на сомнение и за дејствија на злоупотреба на службената положба и овластување, информираат од ЈОРСМ.

Во меѓувреме, по промената на власта, обвинителството по добиени пријави отвори повеќе предмети, помеѓу кои предметот за „Државна лотарија“, за набавките во АД ЕСМ, за злоупотреба на службената положба во ТИРЗ, работењето на ФИТР, криминалната група Беланоца и други.

Претрес, оставка и нова директорка на Академијата за судии и јавни обвинители

Во Академијата за судии и јавни обвинители, исто така, имаше промена на претседателското столче. Обвинителката Ирина Трајкоска-Стрезоски во октомври беше избрана за нов директор.

Ирина Трајкоска Стрезоски од Вишото јавно обвинителство Битола е новата директорка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Јавниот оглас за избор на директор на Академијата беше објавен на 26 август минатата година, откако поранешната директорка Наташа Габер-Дамјановска поднесе неотповиклива оставка од функцијата кон средината на јули.

Претходно во јули, по наредба на судија на претходна постапка, а по барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јули во Академијата за судии и јавни обвинители беше извршен претрес и одземени електронски податоци од компјутерските системи, мобилни телефони и досиеја од веќе избрани судии и обвинители.

Антикорупциската комисија во мај информира дека покренува иницијатива до сите надлежни институции за утврдување на одговорност за директорката и Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители поради прекршување на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, како и на Изборниот законик.

ДКСК доби нов состав, а 56-те иницијативи за постапка за кривично гонење на стариот останаа непроцесуирани

Во февруари минатата година беше избран и нов состав на Антикорупциската комисија.

Новиот седумчлен состав на Антикорупциската комисија има мандат од 2024-2029 година. На Конститутивната седница за претседателката на ДКСК беше избрана Татјана Димитровска,  додека Зоран Богоевски за заменик-претседател. Останатите членови се Цвета Ристовска, Софија Спасова-Медарска, Бесник Џемаиљи, Билјана Каракашова-Шулев и  Сервет Демири.

Претходната претседателка на ДКСК Билјана Ивановска на брифинг со новинарите по повод завршувањето на петгодишниот мандат минатата година, рече дека Државната комисија за спречување на корупцијата за време на петгодишниот мандат оформила вкупно 2872 предмети од кои 2788 биле по пријави од областа на спречување на корупцијата, а 84 предмети се оформени по сопствена иницијатива. При тоа решени се 2451 предмети, а биле поднесени 59 иницијативи за утврдување одговорност на раководни и службени лица и 56 иницијативи за покренување постапка за кривично гонење. Ниту една иницијатива за кривично гонење не била процесуирана.

-Од нашите иницијативи за кривично гонење доставени до јавните обвинителства досега нема ниту една јавно обвинителска одлука што стасала до суд, не само од овој состав туку од постоењето на оваа институција од 2002 година навака со исклучок на „Бачило“. Тоа се вкупно над 200 иницијативи за кривично гонење кои излегле од овде во последните дваесетина години како постои оваа институција, порача Ивановска.

ДКСК годината ја заврши со случајот со Цвета Ристовска, членка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), кој се однесува на потенцијален судир на интереси. Станува збор за предметот која таа го реферираше за спорната диплома на директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, од факултетот каде што таа била гостин предавач.

Од ДКСК соопштија дека спровеле постапка за утврдување дали Ристовска има судир на интерес во постапување и одлучување во предметот со директорот на АНБ, откако самата Ристовска поднела барање за изземање кога пристигнала претставка со наводи за сомневање во валидноста на дипломата од Универзитетот Скопје, а мнозинството членови на ДКСК одлучило оваа одлука да не ја прифати. ар/аа/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан