• среда, 25 декември 2024

За 16 месеци 24.000 украински војници биле на обука во земји-членки на ЕУ

За 16 месеци 24.000 украински војници биле на обука во земји-членки на ЕУ

Киев, 28 јуни 2023 (МИА) – Генерал-полковник Сергиј Наев од Вооружените сили на Украина (АСУ) изјави дека од почетокот на руската инвазија досега 24.000 украински војници поминале обука во земјите на Европска Унија.

Илјадници украински војници се обучувани и од земји кои не се членки на ЕУ, вклучително и САД, Канада, Велика Британија и Норвешка. Целта е тие да научат да ракуваат со западно оружје и да користат модерни тактики за победа во војната против Русија.

На почетокот на овој месец Украина ја започна својата долгоочекувана контраофанзива за повторно преземање на окупираните територии. Досега, генерално постигна мал напредок, иако голем број населени места беа повторно заземени.

Генералштабот на украинските вооружени сили вечерва соопшти за жестоки борби во повеќе правци, поточно Лиман, Бахмут и Маринка. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан