• четврток, 26 декември 2024

За 12 проценти зголемени трошоците за вработените во градежништвото во првиот квартал

За 12 проценти зголемени трошоците за вработените во градежништвото во првиот квартал

Скопје, 31 мај 2024 (МИА) - Во првиот квартал годинава во споредба со четвртиот квартал минатата година трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 8,5 проценти, трошоците за материјали за 7,8 проценти, а трошоците за вработените за 9,8 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во споредба со првото тримесечје од 2023 година, во првите три месеци од годинава трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 5,2 проценти, а за материјали за 11,6 проценти, додека трошоците за вработените се повисоки за 12 проценти.

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за
преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување.лв/ев/

Остани поврзан