• сабота, 27 јули 2024

За 12 октомври се подготвува реванш меѓу Усик и Фјури

За 12 октомври се подготвува реванш меѓу Усик и Фјури

Лондон, 20 мај 2024 (МИА) - Реваншот, кој е предвиден во договорот за борбата меѓу апсолутниот светски шампион во тешка категорија, Олександр Усик (22-0) и поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури (34-1), треба да се одржи на 12 октомври - пет месеци од датум првата борба.

Ова го објави инсајдерот Мајкл Бенсон на социјалната мрежа Х.

Усик викендот во Кингд Арената во Ријад, Саудиска Арабија го победи Тајсон Фјури (34-1) и стана неприкосновен светски шампион во тешка категорија, освојувајќи шест појаси: четири мајор (ВБА (Супер), ВБЦ, ИБФ, ВБО) и два помали (ИБО и Ринг). 

Така, Усик стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија по Ленокс Луис (41-2) во 2000 година, а воедно и првиот во ерата на четири појаси. 

Претходно, во ерата на три појаси, само Ивандер Холифилд (44-10) беше неприкосновен светски шампион во тешка категорија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан