• среда, 25 декември 2024

За Џафери нема можност за свикување на Собранието, тоа ќе се случи по наредните избори

За Џафери нема можност за свикување на Собранието, тоа ќе се случи по наредните избори
Скопје, 27 април 2020 (МИА) - Собранискиот спикер Талат Џафери вечерва во „КликПлус“ на ТВ21 говореше за процедурата за одново свикување на Собранието, откако СДСМ поднесоа иницијатива за тоа, но според него нема можност за такво нешто. -Собранието може да се врати само на следните избори, и тоа може да го стори народот“, изјави Џафери. Според Џафери кој било друг начин освен по избори за заседавање на Собранието е обид за пуч. Џафери изјави дека се правело притисок врз него за повторно свикување на пратениците и заседавање на Парламентот. -На 16 февруари секој пратеник гласаше за престанок на мандатот. По наредните избори ќе се собере Собранието, изјави собранискиот спикер. ац/

Остани поврзан